Режисерот на Trainspotting, Дени Бојл ќе направи ТВ серијал во шест епизоди за панк-иконите од 70-тите Sex Pistols, соопшти Би-Би-Си.

Базиран на мемоарите на гитаристот Стив Џоунс ʺLonely Boy: Tales From A Sex Pistol“, во него ќе учествува Ансон Бун како Џон Лидон и Луис Партриџ (Енола Холмс) како Сид Вишас.

Sвездата од ʺИгра на тронови“ Мејси Вилијамс исто ќе ја игра Памела Рук, позната како Џордан, која беше една од најзаслужните за создавањето на панк обликот.

Снимањето треба да започне во март за американската телевизиска мрежа FX.

The Sex Pistols ја наелектризираа британската музика и, во зависност од тоа на кого му верувате, и се заканија на самата структура на општеството кон крајот на 70-тите.

Можеби преживеале само две години, но нивните гневни, нихилистички синглови и насилни настапи ја менуваат претставата за тоа какво може да биде рокенролот.

Првично создадени во 1972 година од Џоунс и тапанарот Пол Кук, тие станаа тоа што се, со додавањето на Џон Лидон – познат и како Џони Ротен – чиј абразивен вокал и антиелитни текстови го дефинираат бендот и во најголем дел британското панк-движење.

Бендот издаде само еден албум, но чистиот звук на песните како што се Anarchy In The UK, God Save The Queen и Pretty Vacant станаа симболи на британските социјални и политички превирања, кога невработеноста кај младите се зголеми и кога младите луѓе беа особено засегнати.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO