Фото: Роjтерс

Претседателот Доналд Трамп ги определи напорите на конгресот на демократите насочени кон негов импичмент како ʺапсолутно безсмислени“ и додаде дека одлуката на Претставничкиот дом предизвикува ʺогромен гнев“.

За време на кратка изјава пред да замине за Тексас да ја посети мексиканската граница, Трамп истакна дека не сака насилство, но одби да каже дали ќе поднесе оставка.

Тој, исто така, ги нарече дејствата преземени од неговите политички противници ʺпродолжување на најголемиот лов на вештерки во политичката историја“.

Неговите коментари уследија откако Претставничкиот дом на демократите претставија претходниот ден проект за импичмент, а денес се очекува да се гласа за резолуцијата со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да го искористи 25-тиот амандман на Уставот за смена на претседателот Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така изјави дека неговото обраќање пред толпата пред упадот во зградата на Капитол во Вашингтон пред неколку дена е ʺцелосно соодветно“.

Трамп отфрли дека носи одговорност за граѓанските немири што следеа по неговиот митинг на 6 јануари и рече дека ʺлуѓето семтаат дека кажаното од него е целосно соодветно“.

Американски претседател ги нападна и големите технолошки компании, тврдејќи дека тие ʺправат ужасни работи“ за земјата. Тој верува дека технолошките гиганти направиле ʺужасна грешка“, имајќи фи во предвид претходните одлуки на Твитер и Фејсбук за забрана на акаунтите на социјалните мрежи на Доналд Трамп, тврдејќи дека тој поттикнува насилство.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO