Фото: Роjтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс се сретнаа синоќа, најавувајќи дека претседателот ќе го комплетира својот мандат и покрај растечкиот притисок за негово отстранување или оставка поради минатонеделните настани во Конгресот.

Средбата во Овалната соба е прва по влегувањето на приврзаниците на Трамп во Конгресот на 6 јануари, додека Пенс претседаваше на заедничката седница за потврдување на изборната победа на Џо Бајден.

Висок службеник на администрацијата изјавил за некои медиуми дека двајцата имале „добар разговор“. Тој посочил дека Пенс нема намера да попушти пред барањето на демократите да се повика на 25-тиот амандман на Уставот за да се отстрани Трамп како неспособен за извршување на своите должности. Трамп исто така нема намера да поднесе оставка пред да истече мандатот на 20 јануари.

Демократите во Претставничкиот дом ја поставија основата за импичмент на Трамп на 13 јануари по втор пат, доколку Пенс и кабинетот не го отстранат од функцијата или не биде принуден да си поднесе оставка.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO