Грција има обезбедено 26 милиони и 90 000 дози вакцина против коронавирусот, односно можност за вакцинација на над 15 милиони граѓани, соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус. Тој објасни дека поголемиот број вакцини во однос на бројот на населението е дел од европската политика.

Во однос на вакцината на Фајзер, Темистоклеус соопшти дека до крајот на март земјата ќе добие 1 348 425 дози до крајот на март. На овие дози, постои можност да се додадат уште 1 180 930 дози од дополнителниот договор на Фајзер со Европската унија, објасни тој

Вчера беше презентирана и специјалната платформа за регистрирање на граѓаните и закажување термин за вакцинацијата, а во првата фаза е наменета за лицата со над 85 години.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO