Фото: Роjтерс

Германската канцеларка Ангела Меркел може да не е меѓу оние што го поздравија решението на Твитер трајно да го забрани акаунтот на претседателот Доналд Трамп.

Способноста да се изразуваш е право од ʺелементарна важност“, изјави денес портпаролот на германскиот канцелар Штефан Зајберт.

ʺМоже да има вмешување во ова фундаментално право, но според законот и во рамките определени од законодавците, а не според решение на раководството на платформите на социјалните медиуми“, кажа тој во Берлин додека зборуваше пред новинарите.

ʺПогледнато дд тој агол, канцеларката го смета за проблематично, тоа што акаунтот на американскиот претседател сега е трајно блокиран“, посочи портпаролот на Меркел.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO