Фото: Роjтерс

Новиот тренер на Пари Сен Жермен – Маурицио Почетино, сака да го привлече во составот на францускиот шампион играчот за врска Пол Погба, од Манчестер Јунајтед, тврди ʺДејли Стар“. 27-годишниот играч за врска е меѓу трансфер приоритетите на аргентинскиот специјалист, кој има намера да ја изгради играта на тимот околу Погба.

За францускиот репрезентативец се заинтересирани уште Реал Мадрид и Јувентус. Погба оваа сезона забележа 21 натпревар со 2 голови и 3 асистенции за Манчестер Јунајтед. Според други информации, Почетино е заинтересиран и за напаѓачот Серхио Агуеро од Манчестер Сити.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO