Со хет-трик на Јусеф Ен Несири, екипата на Севилја го совлада Реал Сосиедад со 3: 2 во натпревар од 18-то коло на шпанскиот шампионат.

Со успехот, aндалузијците се изедначија со Сосиедад во бодови и двата тима го делат 5-6-то место, но Севилја има три натпревари помалку од Баскијците.

Несири го отвори резултатот во 4-та минута, но само една минута подоцна Сосиедад израмни по автоголот на Диего Карлос.

Ремито не траеше долго и во 7-та минута Несири повторно и донесе водство на Севилја. Александар Исак повторно го изедначи резултатот во 14-та минута и овој резултат се се задржа до полувремето.

Веднаш по паузата, 23-годишниот Мароканец Несири постигна хет-трик по додавањето на Лукас Окампос и ги донесе трите бода на Севилја.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO