Фото: Роjтерс

ЕУ од денеска, 1 јануари, го забранува извозот на пластичен отпад за сиромашни земји поради стравувањата од загадување на животната средина во земјите надвор од блокот, пренесе БТА, повикувајќи се на ДПА.

Освен тоа, извозот на пластика ќе биде построго контролиран, се вели во соопштението на Европската комисија.

Новите правила сепак ќе дозволуваат ʺчисти“ пластични отпади да се испраќаат на рециклирање кон држави кои не се дел од Организацијата за економска соработка и развој.

Кина го забрани увозот на пластика во почетокот на 2018 година, откако претходно беше голем увозник на пластичен отпад.

Како резултат на тоа, трговијатата се префрли кон други азиски земји како што е Малезија. Со оглед на недоволните или немањето на капацитети за рециклирање во овие земји, екологистите го критикуваат фактот дека голем дел од отпадот на ЕУ завршува во океаните или се согорува на отворени клади.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO