Словенија привремено ја затвори својата нуклеарна централа во Кршко по силниот земјотрес кој рано попладне ја потресе соседна Хрватска.

Според портпаролот на НЕ, одлуката за привремено затворање на централата е донесена како мерка на претпазливост.

Атомската централа на Словенија е на 100 километри од епицентарот на силниот земјотрес во Хрватска.

Во меѓувреме, унгарската нуклеарна централа Пакс изјави дека не го запрела производството, иако земјотресот се почувствувал и таму.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO