Фото: Роjтерс
На 98-годишна возраст почина познатиот француски моден дизајнер Пјер Карден, едно од највлијателните имиња во историјата на модата. Тој почина утрово во Американската болница во Ној, западно од Париз.
Во 60-тите ги нарушува тогашните норми во индустријата, создавајќи ја првата колекција за мажи.
Пјер Карден е иноватор во модата. Основаше своја сопствена модна куќа во 1950 година. Тој е креатор на порт-а-портер, првиот што направи колекција за мажи и беше еден од првите кои предлагаат унисекс мода.
Пјер Карден е еден од првите дизајнери што го употреби унисекс стилот, како и еден од првите кој употреби тексас ткаенините за да создаде младешка модна линија.