
Фото: Роjтерс
Шпанските власти ќе водат регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирусот и ќе ги споделат податоците со другите европски земји, но тие нема да бидат објавени во јавноста, соопшти Министерството за здравство.
Министерот Салвадор Ила рече дека е важно граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, иако вакцинацијата, која започна во многу земји на Европската унија не е задолжителна.
Се наведува дека во регистарот ќе има луѓе на кои им е понудена вакцината, но кои ја одбиле. Шпанската влада планира да вакцинира околу 2,5 милиони луѓе до крајот на февруари, а помеѓу 15 и 20 милиони до летото. Во таа земја, околу 50 000 луѓе починаа од вирусот корона, додека 1,8 милиони беа заразени.
