Фото: Роjтерс

Кина ќе стане најголемата економија на светот во 2028 година, надминувајќи ги Соединетите држави. Тоа ќе се случи пет години порано од претходните прогнози заради различното економско закрепнување на двете земји од ударите нанесени од коронавирусната пандемија, посочува мозочен труст во својот годишен извештај публикуван денес, пренесе БТА.

ʺОд извесно време, сеопфатната тема во глобалната економија беше економската војна и војната со мека сила меѓу САД и Кина. Пандемијата од ʺКовид-19“ и соодветните економски последици секако го наведоа ова ривалство во корист на Кина, се вели во документот на Центарот за економски и бизнис истражувања, соопшти Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека Кина вешто управувала со пандемијата преку строги заклучувања воведени во рана фаза. Додека на Запад, пандемијата му нанесла удар на долгорочниот раст. Тоа означува дека релативните економски резултати на Кина се подобри.

Кина се очекува да постигне среден економски раст од 5,7 проценти годишно во периодот 2021-2025 година, пред да забележи пад до 4,5 проценти од 2026 до 2030 година.

Додека Соединетите држави веројатно ќе забележат силен постпандемичен пораст во 2021 година, но нивниот раст ќе се забави на 1,9 проценти годишно помеѓу 2022 и 2024 година и на 1,6 проценти потоа.

Јапонија ќе остане трета по големина економија во светот, изразена во долари, до почетокот на триесетти години, кога ќе биде изместена со Индија, како резултат на што Германија ќе падне од четвртото место на петтото.

Велика Британија, која сега е на петтото место, ќе падне на шесто место во 2024 година. Но, и покрај влијанието на излегувањето на земјата од единствениот пазар на ЕУ следната година, се предвидува дека британскиот БДП изразен во долари ќе биде за 23 проценти повисок од оној на Франција во 2035 година, потпомогнат од предноста на Велика Британија во сè позначајната дигитална економија.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO