Фото: Роjтерс

Владата на САД потврди дека неодамнешниот сајбер напад влијаел врз нејзините мрежи и соопшти дека нападот бил „значаен и тековен“. Заедничката изјава објавена од ФБИ, Агенцијата за безбедност на мрежата и безбедноста на инфраструктурата и Кабинетот на директорот на националното разузнавање ја нарекоа „ситуација во развој“ и оти истражителите ја продолжуваат својата работа за целосно откривање на случајот. Сенаторот Дик Дурбин (демократ-Илиноис) подоцна за Си-Ен-Ен изјави дека „ова е буквално руско објавување војна на Соединетите држави и оти тоа треба да се сфати сериозно “.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, го прекина патувањето низ Европа на почетокот на оваа недела и се врати во Вашингтон за да се справи со сајбер нападот, за кој прв пат беше соопштено на 13 декември.

Владата не соопшти колку агенции биле хакирани. Министерството за финансии на САД и Министерството за трговија на САД биле меѓу оние кои биле цел, според извештаите на медиумите, цитирајќи неидентификувани службеници. Руската амбасада во Вашингтон негираше каква било вмешаност, велејќи дека Русија „не спроведува офанзивни операции во сајбер доменот“.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO