Фото: Роjтерс

Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) денес соопшти дека руската вакцина против Ковид ʺСпутник V“ исто така ќе се произведува во Украина доколку државните регулатори го одобрат овој потег.

ʺЕдна од водечките фармацевтски компании, PJSC Pharmstandard-Biolek , веќе се подготвила за производство на готова за упротреба форма на руската вакцина. Производните капацитети на Biolek, кои ќе бидат користени за производството на вакцината, се во согласност со сите тековни добри производствени практики и стандарди. “, се вели во соопштението.

Рускиот институт за истражување Гамалеја беше првиот што регистрираше вакцина за коронавирус во август, со тестови кои покажаа дека е ефикасна над 90%.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO