Фото: Роjтерс

Се зголемува цената на дизел горивото во Грција од почетокот на следната година за да се стимулира преодот кон електрични автомобили. Државата презема дел од вредноста на автомобилите што се напојуваат со електрична енергија.

Цената на дизел горивото во Грција од 1 јануари ќе се зголеми за 4 евроценти, според информациите од Министерството за енергетика. Овој ʺзелен надоместок“ се очекува да внесе околу 100 милиони евра во државниот буџет за една година. Приходите, според изјавата на министерот за енергетика Хадзидакис, ќе бидат наменети за спроведување на проекти за обновливи енергетски извори. Наметнатиот ʺзелен надоместок“ исто така се очекува да поттикне употреба на електрични автомобили.

Грчката влада реализира и програми за стимулирање про набавка на електрични автомобили. Околу 25% од вредноста на автомобилите е покриена од државата за сите модели на автомобили, соопшти владата. За ова е потребно да се изградат станици за полнење на сите бензински пумпи во земјата, коментираат експерти од оваа индустрија.

Во рок од 10 години, секој трет автомобил во земјата се очекува да се напојува со електрична енергија.

Малиот остров Астипалеа сега станува прототип локација за само електрични автомобили, заеднички проект на владата и европска автомобилска компанија.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO