Фото: Роjтерс

Турција ја завршила изградбата на безбедносниот ѕид долг 81 километар долж границата со Иран, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, цитирано од Анадолската агенција.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу ја објави веста на Твитер заедно со фотографии од објектот во источната област Агра. Сојлу одбележува дека ѕидот е дел од напорите за зајакнување на безбедноста на границата на Турција.

Турција има 534 километри граница со Иран, која честопати е нарушувана од шверцери, илегални имигранти и терористи од Курдската работничка партија (ПКК).

Во 2018 година, Турција ја заврши изградбата на бетонски ѕид долг 764 километри долж нејзината граница со Сирија.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO