Моето назначување е уште еден сериозен сигнал за добрососедство, дека Северна Македонија сака да најдеме заедничко решение што ќе ги направи горди и двете земји и никој нема да се чувствува понижен, изјави Владо Бучковски за БНР.

Владо Бучковски декларира подготвеност да работи така што да не остане бугарската страна со впечатокот за скриени намери на Скопје. ʺИмаме искрени намери и имаме желба да докажеме дека веруваме во договорот за пријателство и добрососедство“, истакна тој во интервју за предавањето ʺСабота 150ʺ

Бучковски е оптимист дека земјите од Западен Балкан, кои имаат заедничка историја, можат да најдат решение за неа.

Бугарија е нашиот најголем сојузник, го поддржува европското членство на Северна Македонија, убеден е тој.

ʺМакедонија ќе го измине својот пат кон Европската унија за 6-8-10 години. Дајте ни шанса сега, постигнавме значителен напредок за две години “, повика Владо Бучковски.

Проф. Бучковскиго  изрази своето разочарување од дејствата на опозицијата во Северна Македонија, но истакна дека тоа се внатрешни проблеми на земјата што таа мора да ги реши.Од тоа задачата на Владата во Скопје не станува потешка, но одлучноста расте, рече тој.

Целото интервју со Владо Бучковски за БНР може да го слушнете на звучниот фајл ТУКА.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO