Според бугарскиот весник ʺ24 часа“,  Бугарија ќе дозволи С. Македонија да може да ги почне преговорите за членство во ЕУ, во замена за гаранција, со која во секое време ќе може да ја блокира нашата земја.

Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да ѝ се гарантира на Бугарија дека нема ʺповеќе да биде измамена“, но и на Скопје дека нема да ја изгуби шансата за полноправно членство во ЕУ.

ʺБугарија ќе има право на вето во секое време, а Македонија ќе може да ги започне пристапните преговори за 10 дена. Тоа може да се случи ако сите спорни прашања бидат вклучени во патоказ за членство на С. Македонија, што ќе го одобри Советот на ЕУ“, пишува „24 часа“.

Истиот медиум вчера објави дека Бугарија не е сама во блокадата на Македонија за влез во ЕУ, туку дека има поддршка од најмалку уште две земји на ЕУ, меѓу кои Холандија и Данска. После ова, следуваше демант од Холандската амбасада во Скопје, како и Данското министество за надворешни работи.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO