Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер смета дека билатералните прашања меѓу Бугарија и Македонија треба да се решаваат на билатерален начин.

ʺПристапниот процес во ЕУ треба да се базира на принципи, а Северна Македонија има направено доволно реформи да го оправда одржувањето на првата Меѓувладина конференцијаʺ, изјавил Палмер, за Гласот на Америка.

Според него, цената за влез во ЕУ е јасна и образложена на околу 80 илјади страници со правила и регулативи.

ʺТоа е процес базиран на стандарди. Сакаме да видиме Северна Македонија да продолжи со реформите кои отворија врата кон Европа. Како што реков, има билатерални проблеми, кои можат и треба да се решат преку билатерален пат. Пристапниот процес кон ЕУ треба да зависи од адресирање на неопходните реформи, кои ќе осигураат Северна Македонија да биде членка на ЕУ“, рече Палмер.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO