Српскиот председател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија ја цени поддршката што ја дава Бугарија во процесот на придружување во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што е соопштено од службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, тој денеска на прошталната средба со бугарскиот амбасадор во Белград,Радко Влајков, оценил дека „Србија и Бугарија имаат добри односи, многу подобри отколку останатите во регионот”, упатувајќи поздрави до претседателот Румен Радев и премиерот Бојко Борисов.

ʺСрбија ја цени поддршката што ја дава Бугарија во процесот на придружување во ЕУʺ, изјавил на средбата Вучиќ.

Претседателот Вучиќ и амбасадорот Влајков изразија уверување дека ќе се зајакнат економските врски, како и соработката во сите области од заеднички интерес и изјавија дека трговската соработка е скоро двојно зголемена во последните неколку години.

Тие, исто така, констатираа дека завршувањето на автопатот од Софија до границата меѓу двете земји, како и гасоводот Балкански тек, ќе биде од најголемо значење, се наведува во соопштението.

Вучиќ ја истакнал и важноста на соработката преку форматот на Квадритералата, односно на Високиот совет за соработка на Србија, Бугарија, Романија и Грција, бидејќи го смета за многу важен за развојот на добрососедските односи и унапредувањето на политиката за мир и стабилност во регионот, како и за социјалниот и економскиот развој.

Извор:МИА

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO