Во мојата колумна под наслов “Професоре Бучковски, ви го одземам правото да преговарате со Бугарија во мое име и во име на мојот народ!”, поради ненамерен превид, се поткрадна грешка дека интервјуто на Бучковски е дадено за агенцијата БГНЕС. Откако утрово самиот Бучковски ми укажа на грешката, направив исправка, во која прецизно е посочен конкретниот бугарски медиум и е даден линк до целото интервју, стои во реакцијата на новинарот Бранко Героски, кој утрово беше прозван од страна на БГНЕС дека го измислил „интервјуто“ на Бучковски за нивната агенција.

ʺОвој превид суштински е небитен за тезите на Специјалниот пратеник со кои полемизирам. Во мојот коментар нема говор на омраза или било каква нетрпеливост. Самиот професор Бучковски ми најави дека полемиката ќе ја продолжиме.За жал, агенцијата БГНЕС, во остар коментар ме обвини за “фабрикување” интервју и за говор на омраза. Тоа е тажно, бидејќи со сопственикот на агенцијата Љубчо Нешков многу добро се познаваме и тој најдобро знае дека таквите обвинувања на моја сметка се не само неточни, туку и бесмислени“, стои во реакцијата на Героски.

Тој вели дека некои македоонски медиуми, сето ова го користат за да го поткрепат обидот за негова лична дискфалификација и за спречување на јавната дебата за суштината на отворените прашања меѓу Скопје и Софија.

ʺНа такви и слични напади сум изложен со години – како во Грујово, така и во Заево време – но како што е општо познато, кај мене обидите за замолчување не врват,“ вели Героски.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO