Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска истакна дека пораките коишто доаѓаат отстрана покажуваат дека од Република Северна Македонија и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото, туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес.

Таа денеска во Штип одговарајќи на на новинарско прашање што работат работните групи на Северна Македонија и Бугарија, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји и што содржи евентуалниот патоказ кон Договорот за добрососедство, кој се споменува, рече дека на тоа одговор можат да кажат одговорните.

ʺТоа не е задача на целата Влада и не би сакала во еден чувствителен момент, за чувствително прашање, кој било од нас да импровизираʺ, рече таа.

Додаде дека она што е јасно денеска се пораките кои пристигнуваат од сите главни градови.

Она што е јасно денеска е дека пораките коишто доаѓаат од сите главни градови, од сите држави коишто му посакуваат добро на Балканот, Германија и САД. Денеска со писмото на поранешниот наш амбасадор, а високо позициониран во Стејт департментот, Филип Рикер е дека од нас и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес. Не само во Европската Унија, туку и на Балканот којшто сака да стане нејзин член, нагласи Шекеринска.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO