Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на Европската Унија да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите, порача денеска помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер во писмото до премиерот Зоран Заев.

ʺВисоко ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската  иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужуваʺ, нагласува амбасадорот Рикер во писмото.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон ЕУ. Тој изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO