Фото: Роjтерс

Првите дози на вакцината за коронавирус од американската компанија ʺФајзер“ се пренесени од Белгија во САД, изјави за Ен-Би-Си извор информиран од одделот за планирање на американската авиокомпанија ʺЈунајтед ерлајнс“.

Дистрибуцијата на вакцината ʺФајзер“ ќе започне веднаш откако подготовката ќе добие „зелено светло“ од американската Администрација за храна и лекови, објави порталот ʺВашингтон Хил“.

ʺВолстрит журнал“ објави дека ʺЈунајтед ерлајнс“ испратил неколку авиони за транспорт на вакцините ʺФајзер“ во САД, а во изјава за ʺХил“ минатиот петок, Федералната управа за авијација на САД (ФАА) исто така потврди дека ʺобезбедува поддршка за првиот масовен воздушен транспорт на вакцината“.

Исто така, беше наведено дека ФАА дозволи ʺЈунајтед ерлајнс“ да носи 15.000 килограми сув мраз на лет, што е пет пати повеќе од дозволеното оптоварување, бидејќи вакцината „Фајзер“ мора да се чува на температура под нулата, со цел да се зачува ефикасноста на препаратот.

Засега неодобрената вакцина на компанијата ʺФајзер“ е развиена во партнерство со германската биотехнолошка компанија ʺБајонтек“.

Минатата недела, оваа американска фармацевтска компанија поднесе барање за одобрување за итна употреба до европските и американските институции, бидејќи употребата на вакцината не е можна без соодветни дозволи од надлежните органи во ЕУ и САД.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO