Владата на Педро Санчез изработи план за вакцинација против коронавирусот. Тој е во три фази, од јануари до септември следната година и ќе опфати 15 групи во зависност од ризикот од заразување, нивната социо-економска состојба и можноста за пренесување на заразата.

Првата фаза е од јануари до март 2021 година и ќе опфати 2 и пол милиони луѓе.

Станува збор за возрастни лица во домови за стари лица, медицински работници и социјален персонал.

Втората фаза е од март до почетокот на јуни и е најобемна. Во неа ќе бидат вакцинирани другите возрасни лица на возраст над 64 години, оние кои работат во затворени простории, ризични групи, деца, млади над 16 години, бремени жени и жени кои дојат, ранливи лица поради нивната социо-економска состојба, лични помошници и оние кои живеат во области со висока инциденца на болеста.

Третата фаза ќе биде во текот на летото и, како и во претходните две, здравствените власти ќе се водат од ризикот на заболувањето.

Шпанија порачала 140 милиони дози од вакцината и очекува Агенцијата за лекови да донесе одлука за нејзината безбедност.

Според министерот за здравство Салвадор Ила, поминаа најлошите недели од вториот бран, но ние треба да се заштитиме од третиот.

Просечната кумулативна инциденца на 100.000 жители продолжува да опаѓа и веќе е 307. Пациентите со Covid-19 зафаќаат 11,95% од болничките ресурси и 28,44 на 100 единици за интензивна нега.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO