По повод 70-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа, на 19 декември 2015 година во Струмица, Бугарскиот Културен Клуб-Скопје (БККС) организираше тркалезна маса со цел осознавање на вистинската историја поврзана со воените дејства против германските окупаторски војски на територијата на земјата.

Со оглед на тоа што оваа тема, особено за учеството на бугарската армија во протерувањето на силите на Вермахтот, стана исклучително актуелна после интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, ТАТКОВИНА во целост го публикува соопштението на БККС до македонските медиуми од 19 декември 2015.

ʺВо врска со 70-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа и организираната по тој повод тркалезна маса во Струмица (која ќе се организира на 19 декември 2015 г. од 13 ч.), Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС) ги повикува граѓаните на Република Македонија и помладата генерација да се запознаат со вистинската историjа за воените дејства против германските окупаторски војски на територијата на земјата.

Во продолжение на сите повоени години, на македонската јавност и’ се насадува илузионистичкото убедување дека единствени ослободители на земјата се маршалот Jосип Броз Тито и неговите југословенски партизани. Во почетокот на 21-от век таква примитивна пропаганда е тотално неприфатлива при услови кога целосно не одговара на историската вистина и е израз на непочитување кон придонесот на слободољубивите народи на антихитлеровата коалиција кои даваат бројни свидни жртви на боиштата на Европа и Балканот.

Особена табу-тема во Република Македонија е учеството на Бугарија во борбените дејства во рамките на антихитлеровата коалиција и решавачката улога на бугарската армија за поразот на воjските на Третиот рајх во Вардарска Македониjа. Како што е познато, како резултат на Страцинско-Кумановската и Брегалничко-Струмичката (спроведени паралелно со Нишката и Косовската) операции, во октомври и ноември 1944 година, доблестните Прва и Четврта бугарски армии, кои војуваат во составот на 3-ти Украински фронт, ги протеруваат силите на Вермахтот на цената на илјадници скапи жртви и на 13 и 14 ноември победоносно влегуваат во Скопје – денешната престолнина на Република Македонија. До овој момент, на целата територија на Република Македонија нема ниту еден споменик, спомен-обележје или меморијално место кое да го овековечи подвигот на херојски загинатите бугарски војници и офицери. Наместо тоа, на населението продолжува да му се насадува претставата за „бугарскиот фашистички окупатор“ и бугарите како фашисти по природа – анахронен чин на намерно насадуване на омраза.

Во врска со горенаведеното, БККС ги повикува државните институции и јавноста во Република Македонија и Република Бугарија да преземат заеднички активности за изградба на споменик и спомен-обележја на местата на воените дејствија на бугарската армија против Третиот рајх! БККС предлага во прво време такви споменици да бидат поставени во Скопје и Стражин-Страцин. Тоа би претставувало недвосмислен гест и искрен доказ за подобрување на добрососедските односи меѓу двете земји, преку кои младите генерации ќе се воспитуваат во духот на доверба и пријателство, а ветерани и роднини ќе имаат можност да поставуваат цвеќе во спомен на нивните загинати другари и блискиʺ.

––––––––––

На снимката: Генерал Владимир Стојчев и маршал Тито во 1945 г.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO