Бугарија треба да даде согласност за почетокот на преговорите со Република Северна Македонија, откако ќе бидат признати објективните историски факти и откако процесот на искоренување на јазикот на омразата ќе стане одржлив и неповратен, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој нагласи дека бугарската Влада со години давала ветувања за безусловна поддршка на Северна Македонија. – Резултатот го гледаме денеска, Владата доцна се сети дека треба да го заштитува националниот интерес, вели Радев.

Според него, би било голема грешка доколку премиерите на двете земји Бојко Борисов и Зоран Заев „одиграат некаков театар и потпишат една декларација со желби, како што е Договорот од 2017 година, без јасни критериуми, без механизми за верификација и без мерки за имплементација“.

ʺНие имаме голема желба нашите пријатели од Република Северна Македонија да ја добијат својата европска перспектива и токму поради тоа сега треба да почекаме да се смират емоциите. Треба да се вооружиме со трпение за еден отворен, смирен разговор и на тој начин јасно да ги видиме позициите на двете страни и да не потпаѓаме на искушенијата од брзи решенија со имитација на триумф. Додека зад таа фасада продолжуваат да гнијат проблемите на Титовиот режим и неговата идеологија, Бугарија откако не успеа да ги вклучи нашите барања во преговарачката рамка, треба да даде согласност за почеток на преговорите, откако ќе се признаат објективните историски факти и кога процесот на искоренување на јазикот на омразата и на искоренување на злоупотребата на нашиот идентитет и суверенитет ќе стане постојан и неповратенʺ, вели Радев.

Во спротивно, според него, во ЕУ би се внеле проблеми.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO