„Несомнено, политичката ситуација ќе има влијание на работата на Заедничката историска комисија, но, и покрај тоа, убеден сум дека таа треба да продолжи. Работите можат да се случат само преку дијалог, преку разговори“, изјави во интервју за ʺСлободна зонаʺ на телевизија ʺЕвропа“ копретседателот од страна на Република Северна Македонија проф. Драги Георгиев.

Тој прецизираше дека средбата ќе биде онлајн поради пандемијата.

„По ветото од страна на Бугарија, се интензивираа негативните коментари кон неа. Веќе има притисок врз комисијата да се прекинат разгововорите. Општеството е разочарано и бесно поради оваа постапка на Бугарија. Политички нема таков притисок, но од медиумите и општеството е навистина голем. Тоа се чувствува, но како што реков, јас сум за продолжување на нашата работа “, додаде тој.

Проф. Георгиев објасни дека притисокот не е насочен само кон прекинување на работата на Комисијата.

„Барањата на Бугарија се апсолутно неприфатливи за Македонците. Освен тоа, радикалите се обидуваат да ја зголемат недовербата кон Бугарија, тоа ќе се одрази на членовите на македонската страна на комисијата. Во овој момент, ќе биде многу тешко да се постигне согласност, во таквата атмосфера ќе биде тешко да се разговара “, коментираше тој, визирајќи на убедувањата на македонските историчари.

Терминот ʺзаедничка историја“ е нешто за кое ние со бугарските колеги не сме согласни во толкувањето. Според нив, историјата до 1944 година се однесува само на еден народ – бугарскиот. Тоа за нас целосно неприфатливо. Формирањето на македонската нација започнала и пред тој датум. Не можеме да кажеме дека до 1944 година историјата е само на бугарскиот народ, ние исто така имаме своја историја, свои личности, култура што ни дозволува да ги бараме своите корени. Јас исто така не сум согласен со тоа“, изјави тој.

Проф. Георгиев повика историскиот спор да не влијае на политичките односи меѓу двете земји.

ʺНашата историја е силно испреплетена, имаме многу заедничко и затоа барањето да се прифати само еден расказ, само една вистина, е неприфатливо“, рече тој.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO