Лидерите на Групата 20 најразвиени земји во светот и земјите во развој на вчерашниот виртуелен самит ветија дека ќе сторат сè за да обезбедат „еднаков“ пристап до вакцината за коронавирус.

„Нема да се откажеме од нашите напори да им обезбедиме на сите еднаков пристап (вакцини, тестови и терапија)“, стои во завршната декларација на дводневниот виртуелен самит организиран од Саудиска Арабија. Лидерите на Г20 изјавија дека „целосно ги поддржуваат“ механизмите воспоставени од Светската здравствена организација во борбата против епидемијата на коронавирус, што значи дека вакцината нема да биде достапна само за најбогатите земји.

Во завршната декларација, Г20 вети дека ќе ја спроведе претходно донесената иницијатива за одложување на отплатата на долгот на сиромашните земји. Лидерите рекоа дека трговијата е „поважна од кога било за поддршка на мултилатерален систем за трговија“ и за обезбедување „еднакви услови за игра“.

Во Г20 најразвиени земји во светот и земјите во развој се 19 земји и Европската унија, вклучувајќи ги Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија и САД.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO