Вкупниот број на официјално потврдени случаи на коронавирус во Источна Европа надмина 5 милиони, пренесоа светските агенции.

Регионот, кој ги опфаќа Бугарија, Белорусија, Чешка, Унгарија, Полска, Молдавија, Романија, Русија, Словачка и Украина, е со најголем број на регистрирани случаи на заразени во Европа.

Во последната недела, Источна Европа регистрира во просек повеќе од 82.000 нови случаи и повеќе од 1.500 смртни случаи на ден.

Русија, Полска и Украина се меѓу 20-те земји во светот со најмногу инфекции.

Во Русија, нивниот вкупен број го надмина прагот од 2 милиони од почетокот на пандемијата, и според овој индикатор, таа е на петтото место во светот по САД, Индија, Бразил и Франција.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO