На предлог на Советот за безбедност кој вчера беше прифатен од Претседателот на државата, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена поради исклучително сериозната состојба со КОВИД-19.

Тоа ќе овозможи подобро менаџирање на сите капацитети и човечки ресурси, на располагање покрај јавните, ќе бидат и приватните болници со кои ќе управува државата, а во справувањето со епидемијата ќе помага и Армијата.

Премиерот Зоран Заев по состанокот на Советот за безбедност вчера рече дека Управувачкиот комитет во најбрз рок ќе предложи до Владата прогласување кризна состојба и тоа ќе биде најдоцна до вечер денеска. На владина седница синоќа почна постапката откако согласно со Законот за управување со кризи беа донесени решенија и во Управувачкиот комитет и Групата за процена беа назначени в.д. директорите на Центарот за управување со кризи и на

Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и Беким Максути. Шефот на државата Стево Пендаровски на прес-конференцијата по состанокот на Советот за безбедност истакна дека состојбата со КОВИД-19 е исклучително сериозна, далеку полоша, рече, од пролетниот бран по бројот на заразени и починати.

Во кризна состојба на располагање на државата ќе бидат капацитетите на приватните болници и нивниот кадар, но не станува збор за нивна национализација, туку за управување со нив во битката со пандемијата, како што рече претседателот – таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно. Откако ќе биде прогласена кризна состојба, појасни претседателот Пендаровски, Законот за одбрана и Законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности надлежните институции, пред сè здравствените, да добијат поддршка од Армијата. Кризната состојба нема да значи ограничено движење односно полициски час, но ќе продолжат да важат препораките да не се излегува без потреба по 21 часот и да нема групирања, да се почитуваат сите мерки, особено мерките за лична заштита.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO