Претседателот на Македонија Стево Пендаровски за денеска на пладне, закажа седница на националниот Совет за безбедност, на која, како што е соопштено, покрај редовните членови на Советот, е поканет и министерот за здравство, Венко Филипче.

„На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Пред два дена премиерот Зоран Заев најави дека е можно да се разговара за воведување на полициски час кој би започнувал во 17 или во 18 часот, како мерка за намалување на ширењето на коронавирусот.

Вчера во земјата беа регистрирани 1 406 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 3 398 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се зголеми на 50 015 лица. Починати се 21 пациенти во изминатото деноноќие, сите во болнички услови, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 1 397 лица. Во моментов во земјава има 19 035 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје. Излекувани од почетокот на епидемијата се 29 583 лица.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO