Фото: Роjтерс

Експертите од советот за борба со коронавирусот настојуваат премиерот Кирјакос Мицотакис привремено да ги затвори сите копнени граници на Грција за да се овладее ширењето на Ковид-19 во северниот дел на земјата. Најкомплицирана е состојбата во Солун, каде за еден ден се регистрирани 905 новозаболени лица.

Се претпоставува дека сезонските работници од соседните земји се дел од проблемот со висока епидемиска активност.

Сите области во северниот дел на земјата имаат „црвен“ код, иако е воведен карантин, рече министерот за здравство Кикилиас.

Денес, управителите на болниците во Солун објавија дека се пополнети сите места во одделенијата на пациенти со Ковид-19. Повеќето медицински персонал се исто така заразени или ставени во карантин.

Медицински сестри од целата земја доаѓаат доброволно во болниците во Солун. Приватните лекари ги преземаат дежурствата на болните медицински лица од државните болници.

Пациенти се сместуваат и во приватни клиники. Подготвен е експресен воз, опремен со одделение за интензивна нега, за да пренесува пациенти од Солун до Атина. Во итни случаи се користат и хеликоптери.

Дури по две недели се очекува постепено намалување на активноста на вирусот, според лекарите.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO