Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски,изјви премиерот Зоран Заев откако беше прашан за ставот во врска со барањата на опозицијата за средби со опозицијата за постигнување на национален консензус во спорот со Бугарија.

ʺАко седнеме на разговор со опозицијата, онаква како што е поставена сега, би можело да предизвикаме нови кавги со Бугарија. Ако сакам да се скарам со Бугарија не ми треба Мицкоски, тоа можам и сам да го направам. Целта е да го градиме пријателството и да изнаоѓаме решенија“, изјави Заев.

Премиерот во врска со воведувањето на кризната состојба, напомена дека во овој момент не се исклучува можноста за полициски час.

ʺВо моментов не се разгледува, но тоа е работа на Комисијата за заразни болести, која има надлежност да побара, изјави денеска премиерот Зорна Заев по средбата на Советот за безбедност.Останува препораката да не се движиме по 21 час, освен ако имаме неопходна потреба. Кога се прогласува кризната состојба има дебела причина зошто тоа се прави. Се ова е со цел да се има болнички капацитети”, посочи премиерот Заев.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO