Стратешка грешка е наложувањето на вето од страна на Бугарија на Северна Македонија за започнување на преговорите за членство во ЕУ. Ова го изјави во специјално интервју за ТВ Европа проф. Владо Бучковски. ʺИмавме надеж дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа“, кажа уште проф. Бучковски. Во Македонија има говор на омраза, но тој не доаѓа од владејачката партија, туку од опозицијата и нејзините медиуми. Според него, има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, кое пречи на нашите билатерални односи.

Ова го коментираше за Темите пред Николај Крастев поранешниот премиер и министер за одбрана на Македонија проф. Владо Бучковски.

Поранешниот премиер на соседна Република Северна Македонија Владо Бучковски коментира дека е изгубена една битка, но не и војна за иднината на Северна Македонија.Според него, нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Договорот мора да успее, категоричен беше проф. Бучковски.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO