Денеска Европскиот совет ќе одржи видео конференција која всушност е надоврзување на состанокот одржан на 29 октомври. Тогаш лидерите на ЕУ ја истакнаа потребата од зајакнување на колективните напори за борба против пандемијата и се фокусираа врз политиките за тестирање и пронаоѓање вакцини.

На претходниот состанок на 15 и 16 октомври, лидерите разговараа за координација на ниво на ЕУ против ковид-19 и се согласија редовно го разгледуваат ова прашање.

Во Европа, неколкунеделните ограничувања почнуваат да го намалуваат темпото на ширење коронавирусот во некои земји, иако дневните стапки на инфекции и смртност остануваат големи, а болниците полни. Дневниот број на случаи во Италија, Британија, Германија, Шпанија и Франција полека се намалува од врвовите достигнати на почетокот на ноември. Сепак, владите во Европа не се откажуваат од мерките пред претстојната зима.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO