„Додека не добиеме правни гаранции, како од Скопје, така и во контекст на преговорачкиот процес со ЕУ, дека политика ќе биде променета, ние не можеме да дадеме согласност за спроведување на првата меѓувладина конференција и започнување на преговори за членство “. Ова го изјави пред пратениците во Собранието на Р. Бугарија вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, која беше повикана на расправа за да даде актуелна информација за односите со Северна Македонија.

ʺБугарските национални интереси во РС Македонија се објект на општествен и политички консензус, пресекувајќи ја со генерации надворешната политика на Бугарија, заведена во декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година. Оваа декларација е пример за последователност во времето и на меѓупартиски консензус, со кој малку држави можат да се пофалат. Тие ни ја дадоа и потребната политичка тежина да опстојуваме уверено на нашиот национален интерес во нашите разговори со Скопје “, рече Захариева.

Таа беше категорична дека Бугарија ги вложила сите неопходни напори да постигне квалитативно нов почеток во односите со РС Македонија – од признавање на нејзината независност, преку подавањето на рака за помош и бугарското претседателство со Советот на ЕУ, до нашата помош за справување со кризата со КОВИД. Според Захариева, Бугарија отсекогаш покажувала ʺпостојаност, предвидливост, транспарентност и конструктивност“.

ʺНезависно од сите наши пројави на добрососедство, Скопје не ја смени суштината на својата политика кон Бугарија. Обврските кон нашата земја останаа само декларативни, а во суштина Скопје ја продолжи својата политика за поддршка на неосновани малцински, историски, јазични и други претензии. Имаме долг список на случаи во кои тие не се придржуваат до потпишани билатерални документи “, кажа уште Захариева пред пратениците.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO