Европската комисија се очекува денеска да издаде препорака за брзото тестирање за ковид-19, но владите не се обврзани да го следат тоа. Комисијата, исто така, планираше да издаде совети за карантин и самоизолација за оние кои ќе стапат во контакт со луѓе кои имаат позитивен тест за ковид-19 – но реши да го одложи овој необврзувачки предлог заради спротивставени научни совети, изјави претставник на ЕУ.

Многу влади на земјите членки на ЕУ се спротивставуваат на заедничките правила за употреба на брзи тестови за ковид-19. Тоа, како што се оценува, претставува нов удар врз авиокомпаниите кои бараат брзо тестирање за да им се помогне во враќањето во живот на патничката индустрија.

„Голем број земји-членки јасно ставија до знаење дека дискусиите за заеднички минимални стандарди и критериуми се предвремени“, се вели во документот кој треба да се најде на маса кога лидерите на ЕУ ќе разговараат за координација во борбата против пандемијата на видео конференција во четврток.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO