Долниот дом на парламентот на Русија, Државната дума, го одобри првото читање на нацрт-законот што ќе им даде доживотен имунитет на поранешни претседатели, соопшти РСЕ. Законодавството е дел од пакетот уставни амандмани одобрени на референдум ова лето, што потенцијално може да значи дека претседателот Владимир Путин би останал на власт до 2036 година.

Нацртот предвидува секој поранешен шеф на државата и нивните семејства да добијат доживотен имунитет од кривични или административни пријави. Тие исто така не можат да бидат приведени, апсени, претресувани или испрашувани. Единствен исклучок е предавство, што прво мора да мине во Државната дума, Врховниот и Уставниот суд.

Според сегашниот закон, поранешните претседатели се имуни само од гонење за злосторства извршени додека биле на функција. Државната дума, исто така, го усвои во прво читање и друг предлог-закон со кој на поранешните претседатели ќе им се додели доживотно место во горниот дом на парламентот, или Советот на Федерацијата, позиција што исто така обезбедува имунитет од гонење.

Штом предлозите поминат низ три читања во Државната дума, тие мора да бидат одобрени од Советот на Федерацијата пред да се најдат на бирото на Путин за неговиот потпис. Дмитриј Медведев, кој беше претседател меѓу 2008 – 2012 година, е единствениот жив поранешен претседател на Русија. Амандманите за имунитет нашироко се сметаат за дизајнирани да го заштитат Путин, кога или ако, тој се повлече.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO