Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ќе биде кандидат на Република Северна Македонија за „Оскар“ за најдобар долгометражен интернационален филм за 2021 година, соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија.

Одлуката ја донесе Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар“ при ДФРМ.

Во конкуренција за кандидатурата биле и филмовите: „Ефектот на среќата“ во режија на Борјан Зафировски, „Исчезнатиот“ на Арбен Тачи, „Кеиф“ на Блаже Дулев и „Незо“ во режија на Мерита Чочоли.

ДФРМ соопшти дека кандидатурата на „Врба“ за наш национален претставник во трката за најпознатата филмска награда е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука.

Поради пандемијата со ковид-19, 93-тата церемонија за доделување на наградите „Оскар“ ќе се одржи подоцна од вообичаено, односно на 25 април 2021 (недела) во Лос Анџелес.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO