Горивата од денеска поскапуваат за денар до денар и половина за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,11 отсто.

Новата малопродажна цена на „еуросупер БС – 95“ ќе изнесува 60 денари за литар, „еуросупер БС -98“ ќе с епродава за 61,5, „еуродизел (Д-Е V)“ за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,384 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,58 денари.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO