Изборот на двајцата премиери е во последниот момент да направат смел чекор и да останат во историјата или да се исплашат и да се снижат. Последиците меѓутоа ќе бидат навистина катастрофални и за двете земји!

Николаj Василев
Николаj Василев

Остануваат само неколку часа до решението на Бугарија да ја одобри или блокира преговорачката прамка за присоединување на Република Северна Македонија кон Европската унија. Малкумина очекуваат чуда. Единствените луѓе, кои можат да го решат проблемот се двајцата премиери, Бојко Борисов и Зоран Заев. За да го решат проблемот меѓутоа и двајцата треба да ризикуваат политичко самоубиство. Затоа бугарскиот премиер молчи за ова прашање, а македонскиот се обидува да ʺтрча по граничната линија“. Но, какво значење има една политичка кариера, пред решавањето на основен балкански и европски проблем?

Всушност, нерешавањето на проблемот нема да ја спаси кариерата на ниту еден од нив. Како и да се развива политичката криза во Бугарија, скоро е сигурно, дека по неколку месеци бугарскиот премиер нема да се вика Бојко Борисов. Добро е тој да размисли за своето место во историјата. Бидејќи блокирањето на Северна Македонија може да му донесе момент на слава и 1% повеќе на изборите, но со сигурност неговиот инстинкт му потскажува дека блокадата нема да и донесе ништо добро на Бугарија и поколенијата нема да го запомнат по добро.

Од своја страна, Зоран Заев треба да е многу наивен ако си мисли дека ќе преживее политички во случај на забавување на неодредено време на евроинтеграциите на земјата. Критичарите на договорите со Грција и Бугарија нема да му простат што се согласил да го смени името на земјата и го признал постоењето на ʺзаедничка историја“, без да го добие во замена мечтаеното еврочленство.

Единствениот излез е уште оваа вечер, двајцата лидери да преземат најголемиот ризик во нивните кариера и да им го кажат на своите народи, тоа што не тие сакаат да го слушнат.

Возможно ли е Бојко Борисов да даде изјава, со која да ги повикува Бугарите да не се ја бутаат главата во песокот? Македонскиот идентитет е реалност. Македонскиот јазик е реалност. На него е напишана богата литература. Македонската нација не е ʺизмислена“ од Сталин и Тито. Таа е продукт на многу перипетии и била единствениот возможен начин на кој потомците на преродбенските бугари можеле да постигнат автономија (која тие ја нарекуваат ʺдржава“), а потоа и независност и ги имаат сите причини да се гордеат со постигнатото. Дека не е доволно со половина уста да го признаеме современиот македонски идентитет, а да изјавиме тврдо и решително, дека ги поддржуваме напорите на нашата најблиска земја да го изгради својот идентитет и со него да заземе достојно место во Европа и светот. И најважното. Дека Македонија не може да ја ʺкраде“ бугарската историја, затоа што таа е и нејзина. Дека Бугарија нема монопол над бугарското културно и историско наследство и треба да се научиме да го споделуваме со нашите братучеди (во буквална смисла) покрај Вардар.

Возможно ли е Зоран Заев да направи обраќање, со кое да го заштити потпишаниот од него договор, со кој се признава постоењето на ʺзаедничка историја“. И да објасни дека заедничка историја значи заедничка историја. Дека мнозинството од нашите предци во продолжение на најмалку илјада години се чувствувале како дел од една ʺзамислена заедница“. Дека ги разгледувале своите говори, дека припаѓаат на еден јазик и тој јазик се нарекувал ʺбугарски“. Дека заедно отворале цркви и училишта, дека заедно се пребориле за формирањето на Бугарската егзархија, дека заедно кревале востанија и заедно учествувале во неколку крвави војни. Дека е време македонската историографија да се откаже од смешните тврдења дека „Бугарин“ не значело ʺБугарин“, дека оние што се определувале како Бугари, го правеле затоа што немале друг избор и дека е време да се стави крај на ʺМакедонската граѓанска војна“ – која се разгорува по Првата светска војна помеѓу оние за кои бугарската идентификација била важна, но не по нивна вина немале други сојузници освен фашистите и нацистите, и оние кои биле подготвени на компромис со Југославија на база на воспоставувањето на веќе сакрализираната во борбите по 1878 година идентификација со Македонија и нејзино претворање во национален и јазичен идентитет. Уште во 30-тите години на минатиот век тие дониле поддршка од Коминтерната, но вистинската легитимација на оваа линија дошла откако Тито успешно ја вади Македонија од советската зона и им гарантира на две поколенија од нејзините жители далеку подостоинствен живот.

Малку веројатно е двајцата премиери да преземат вакви смели чекори. Колку полесно е за Бојко Борисов да замолчи и да и остави на Екатерина Захариева да повторува, дека , никој не им пречел на македонците да се нарекуваат себеси како што сакаат, ама, дека тоа било идеологијата на Сталин и Тито. И, колку полесно е за Заев да зборува апсурди дека бугарскиот и македонскиот јазик потекнуваат од старословенскиот, игнорирајќи го фактот дека безброј преродбеници и комити, на кои во РС Македонија именуваат училишта, ги определувале своите говори како бугарски, а на крајот на 19-ти и првата половина на 20-ти век, го прифаќале литературниот бугарски како свој.

Изборот на двајцата премиери е во последниот миг да направат смел чекор и да останат во историјата, или да се исплашат и да се снижат. Последиците меѓутоа ќе бидат навистина катастрофални и за двете земји!

–––––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO