Обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови против ковид-19, изјавија во синоќешната дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими. За вакцини се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот Ремдесивир 67,5 милиони евра. „Од кредитот со Светска банка 90 милиони предвидено е и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе и дадат на државата само за вакцина. Значи, има обезбедени средства и доколку се покаже потреба за повеќе, засега има доволно средства предвидено за вакцини“, рече Бесими.

Премиерот Зоран Заев кажа дека проекцијата е 800 илјади вакцини, посочувајќи и на цени од некои производители – 10,47 евра за вакцина односно за двете дози 21 евро. Северна Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Заев соопшти дека авансот ќе се плати веројатно на почетокот на декември, а во 2021 ќе бидат и 390-те милиони денари или 6,7 милиони евра.

Во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани нови 990 случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на епидемијата со новиот коронавирус достигна 47 050, бројот на оздравени пациенти е 27 364, на починати е 1 305, а бројот на активни случаи е 18 381.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO