Македонската репрезентација успеа да ја совлада селекцијата на Естонија со 2:1 и да ја задржи првата позиција во групата пред последното коло.

На оваа средба Македонија прва доаѓа до предност преку Иван Тричковски во 29 минута од натпреварот, по што со предност заминавме на полувреме (1:0).

На почетокот од вториот меч, Естонија преку Сапинен и неговиот одличен момент и гол, доаѓа до изедначување на 1:1.

Токму тој гол ја размрда селекцијата на Македонија која почна интензивно да се заканува кон голот на противниците и тоа вроди со плод во 68 минута.

Елиф Елмас имаше свој момент на инспирација, кога со извонреден удар, со надворешно ефе, асистираше до Стојановски, на кого му остана полесниот дел да егзекутира во голот на гостите за 2:1 водство на Македонија.

Тоа всушност беше и конечниот исход на оваа средба. По 5 кола, Македонија е на 1 позиција со 9 бодови, втора е Грузија со 6 и натпревар помалку, додека Ерменија е трета со 5 бодови, а Естонија последна со само два бода.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO