Опис: „Од поуките во Минатото учиме за чекорите во Иднината (први дел)“, публикувано во „Спомени (Материjали); Том 3“, Скопје, 2013 година

ʺИлинденското востание во 1903 година, прогласено на 20.VII/3. VIII, беше, како што се знае, едно масовно, вооружено, но не распространето востание, како што се предвидуваше според уставот на ВМРО. Тоа продолжи до крајот на месец октомври и наспроти сите огромни човечки и материјални жртви, заврши со неуспех, главно поради две причини: слабото, недоволно вооружување на македонското население и неповолната општа меѓународна и меѓубалканска положба…

…Тоа масовно и вооружено, народно востание изнесено врз плеќите на самото македонско население, според своите размери и траење (три месеци), го привлече вниманието на целиот надворешен свет и ги потресе особено соседните две балкански држави – Србија и Грција. И уште незалечени раните и опустошувањата, по сугестија на раководните, одговорни лица во споменатите две држави, кои имаа и ги поддржуваа своите пропаганди, ги започнаа и ги засилија и своите нелегални вооружени пропаганди, со единствена цел да стекнат свои приврзаници и да стекнат терен за своите идни освојувања. По претходно подготвен план од Грција и Србија се втурнаа вооружени чети, кои навлегоа во внатрешноста, главно во пограничните околии, со цел да изнемоштат…се што е бугарско.

Уште со нашето пристигнување во Солун стапивме во контакт со некои наши блиски и познати, се сретнавме со луѓе од кои повеќето претходно беа во илегалност – некои беа раководители, четници или војводи, а други скромни работници – воини во македонското ослободително движење…Навистина тие сите по потекло и народност беа Бугари, но останувавме со впечатокот дека меѓу нив како сепак веќе да беше подигнат некаков ѕид, што, секако, со децении бил граден. Макар сите тие да беа Бугари од Македонија, доскоро блиски пријатели и познајници, исти по народност, размислувања и убедувања по националното прашање, тие во тој момент беа поделени на два непријателски табора до таква степен што едни со други не зборуваа, ниту се среќаваа, а некои од нив меѓусебно дури и не се ни поздравуваа. Толку беше голема омразата меѓу нив.

Поделени на два непријателски табора, групи, партии, тие имаа свои посебни весници, посебни клубови каде се среќаваа…Сега, кога ни се пружа можност да ја искористиме за нас и воопшто за народот создадената ситуација, наместо братски да си подадеме рака и повторно обединети да ги штитиме нашите национални, културно-стопански и економски барања за реформи и преобразба, уште, така да се рече, во медениот месец по објавувањето на слободата – Хуриетот – секако, некоја невидлива, скриена сила ги дели довчерашните браќа по убедувања, по оружје и заедничка национална борба….

И тоа не беше доволно, па започнаа и меѓусебни физички прогони, заседи и дури и убиства, како да беа малку безимените гробови со кои дотогаш беше посеана цела Македонија….

Никаква јавна дискусија немаше по актуелните прашања, како што тоа се случуваше меѓу турската интелигенција, па и меѓу останатите народности: Ерменци, Арапи, Грци и други организирани во свои посебни национални организации. Ние македонските Бугари бевме поделени, озлобени едни против други, секој се повлекол во себе и следи еден пат што и тој самиот не знае каде ќе го однесе, а, секако, по инерција многумина се движат, изнаоѓаат средства, сили, енергија да бараат патишта, нови патишта за успешно продолжување на борбата во новосоздадената ситуација, за постигнување на крајната цел – ослободувањето на Македонија…“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Павел Шатев (1882-1951), револуционер на ВМОРО, еден од солунските атентатори и еден од основачите на ВМРО (обединета).

За повеќе информации за авторот тука

За да ја прочитате книгата, кликнете тука

Извор: Библиотека Струмски

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO