Бугарија останува единствената држава-членка на ЕУ што планира да го блокира почетокот на преговорачкиот со Северна Македонија. Причината, според министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, е дека ʺСеверна Македонија не треба да продолжува со говорот на омразата, таа треба стриктно да ги спазува преземените ангажмани во Договорот за пријателство со Бугарија и да не го заборава добрососедството, што е важен критериум доколку сака да се присоедини кон ЕУ “.

Какви би биле последиците од овој чекор и што останува недоразбрано од општеството во врска со бугарско-македонските односи – на овие теми Александар Малинов разговара со Филип Филипов. Тој е историчар, истражувач на историјата на Македонија и на македонските Бугари, автор на книгата ʺГолемите сили, Бугарија и Балканската војна во тајните документи на британската дипломатија, 1910-1913“. Во моментов работи на две нови книги поврзани со историјата на македонските Бугари и Софија. Дел е од проектот „Софија помни“.

Според бугарската држава, во лицето на министерката Захариева и министерот Каракачанов, оваа омраза и овие напади доаѓаат само од македонска страна и се насочени кон Бугарија и Бугарите во целина. Доколку е ова вистина, ја има ли во пракса оваа јаростна антибугарска пропаганда за која зборуваат политичарите во Софија?

Јас можам да зборувам врз основа на мојата лична комуникација и личните впечатоци. Сум одел многу пати во Северна Македонија и не сум ја сретнувал таа омраза што ја споменуваат бугарските политичари. Агресија има во Интернет просторот, но сите добро знаеме дека мрежата е полна со платени ʺтролови“ чија цел е имено распалување на конфликти за политички цели. Таков говор на омраза на Интернет меѓутоа има и од македонска и од бугарска страна. Антибугарски расположенија може да се сретнат меѓу остатоците од старата југословенска елита. Имено тие луѓе се стремат да го распострануваат негативниот имиџ на Бугарија меѓу народот во Северна Македонија. Тие го искористуваат секој погрешен потег во нашата надворешна политика за да кажат: ʺНели божем ви се браќа?“ Тогаш, зошто не ве пуштаат во Европската унија? Зошто Бугарската православна црква откажа да стане мајка на Македонската православна црква? “

Излегува дека бугарската позиција со нагнетување на ситуацијата им помага на оние кругови во Скопје кои имаат интерес од антибугарски позиции?

Да, нашите политичари во моментов помагаат во проширувањето на расположенијата против Бугарија. А луѓето пред нас се бореле да ја нема таа граница, да можат слободно да комуницираат. Во периодот помеѓу двете светски војни, сите организации на македонските Бугари се бореле против длабоките ровови и жичените мрежи поставени од српските власти помеѓу Царство Бугарија и Кралството Југославија. Францускиот политичар и дипломат Анри Пози е згрозен од нив во својата книга ʺВојната се враќа“, тие стануваат симбол на поделбата и борбата за слобода.

Најголемата цел на Бугарија во однос на Северна Македонија поединечно, но и во целост за Балканот, треба да биде таа – да има повеќе комуникација, бидејќи луѓето не комуницираат нормално. Тоа важи со подеднаква сила за денешните Бугари и Македонци. Кај нас повеќе се следи каде е во посета Папата, отколку дневниот ред во Северна Македонија. Ние не разбираме низ што минуваат тие во моментот, какви им се проблемите, какви се нивните болки. Многу од тие луѓе таму, кои по принцип ја симпатизираат Бугарија се чувствуваат изоставени – и се прави, затоа што обично бугарските политичари ги користат за краткорочни политички потреби и ги забораваат потоа.

За споредба, другите држави од регионот – Србија, Грција, Турција, Албанија – секогаш им помагаат на своите луѓе во Северна Македонија. Кај нас тоа не суштествува, има една огромна мрзеливост од страна на бугарските чиновници. Голем дел од нив воопшто не се запознаени со темата. Како резултат на тоа бездејство, со текот на времето може да испадне дека граѓаните на Северна Македонија се чувствуваат поблиску (дури) до Грција отколку до Бугарија. Фигуративно кажано, нашиот план е да си ја удираме главата во ѕидот, додека не си ја скршиме.

Која е причината да нема градивна бугарска стратегија за нашите односи со Северна Македонија?

За жал, со почетокот на комунистичкиот режим, оваа тема останува на заден план. Илинденското востание се споменуваше со неколку зборови во учебниците, долго време е избегнувано намерно да се зборува за Кузман Шапкарев, Рајко Жинзифов и Григор Парличев. Колку за Северна Македонија во моментот знае обичниот Бугарин? Од наша страна недостасува најмногу вниманието. Дури на луѓе, кои изгледаат агресивни кон нас, ние треба да им обраќаме некакво внимание – да отидеме на место, кај нив, да се ракуваме и да се обидеме да ја разбереме нивната болка. Ние не присуствуваме таму. Ако нашата желба е да живееме добро и да имаме добри односи со тие луѓе, треба да излеземе од сегашната ситуација во која ги гледаме како тера инкогнита. До 1944 година, идејата за Македонија била движечка сила на бугарската држава, додека сега слушаме искажувања на оваа тема од луѓе кои најмногу да слушнале некоја македонска песна.

Тоа се должи во голема степен на замрзнувањето на односите меѓу Бугарија и Југославија за повеќе од четири децении. Кое е најважното што Бугарите го заборавиле или не го научиле за минатото на Македонија?

Историјата на мој близок родинина, братучед на дедо ми, е показателна. Тој бил суден за време на Скопскиот студентски процес во 1927 година како деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација, подоцна е претседател на еден од граѓанските комитети во Вардарска Македонија, кој ја пречекуваат бугарската војска во 1941 година. По војната, во Југославија на Тито , тој е суден, репресиран и лежел долго во затворите. Оваа историја тој никогаш не ја споделува со неговиот син. Наследниците на ова семејство живееле 50-60 години, без воопшто да се зборува отворено за минатото. Ова е само еден пример, но тој е показателен, дека дел од општеството во Северна Македонија во моментов за прв пат се соочува со својата вистинска историја.

Кон чувствата на тие луѓе и нивниот однос кон минатото, треба да се пристапува исклучително внимателно. Сегашниот агресивен пристап на бугарските политичари е точно спротивното,  на она што треба да го правиме. Спорот за Гоце Делчев е испразнет од смисла – тој е заеднички херој. Имам братучед во Скопје кој се чувствува етнички Македонец. Не можеме да тврдиме дека тој има помалку право да го слави Гоце Делчев како свој национален херој отколку, да речеме, оние што живеат во североисточна Бугарија. Треба да ги бараме заедничките делови од минатото, кои да не обединуваат. Државните архиви на двете држави да ја публикуваат целата негова документација, каков што беше планот на крајот на минатата година. Поранешниот премиер на Северна Македонија Љубчо Георгиевски неодамна кажа дека има мал напредок во последните неколку години, но потребно е многу повеќе работа и трпеливост за да се свртат работите. Најмногу од бугарска страна, со проблемот треба да се занимаваат исклучително добро начитани и подготвени луѓе кои гледаат кон Македонија со љубов, а не со омраза.

Сметате ли дека една долгорочна и прагматична политика на Бугарија кон Северна Македонија треба да започне со признавање на македонскиот идентитет и македонскиот јазик?

Да, ако сакаме да имаме блиски односи со луѓето таму, треба и ние да подадеме пријателска рака. Јасно е дека сегашната елита на општеството таму израснала во Југославија со антибугарски чувства. Но, единствениот начин на денешна Бугарија да сне спротивстави на тоа е, кога ќе покажеме, дека навистина се сметаме за нивни блиски. Ние е можеме со сила да ги принудиме да нè сакаат, тоа е апсолутно погрешна политика.

Во Софија, треба исто да си признаеме некои грешки во последниот век – на пример, дека државната власт во Бугарија не го поддржа Илинденско-Преображенското востание на начинот на кој Грција го поддржа Критското востание. Пред Балканската војна, бевме надитрени и од една српска политика, чија цел е да се постигне договор со владата во Софија за поделба на Македонија – и на крајот успева. Бугарската влада води преговори тогаш со луѓе како Стојан Новаковиќ, Света Симиќ и Ламброс Коромилас, раководители на антибугарската акција во Македонија. Што ли очекувале бугарските власти да се случи? Тоа  го предизвикува и ефектот на доминото, кој нè прогонува и до ден-денес. За мене, голема грешка е влегувањето на бугарската армија во дел од Вардарска и Егејска Македонија во 1941 година.Некои детали од битието на бугарската администрација таму сè уште се табу во нашето општество.

Неудобните историски вистини треба да се признаат и од Скопје, и од Софија. Треба и двете држави да направиме еден-два чекори назад, кое на долгорочен план ќе ни дозволи да движиме напред.

По крајот на Втората светска војна, Франција и Германија успеаја да надминат многу потешки историски трауми и да создадат сојуз што стана основата на обединета Европа. Што можат Бугарија и Северна Македонија да научат од нивното искуство?

Кај нас недостасува визионерска политика. Француските и германските политичари од тоа време успеаја да ја видат големата слика – нешто кое кај нас, за жал, не се случува. Бугарските политичари не можат да ја видат целата гора, затоа што зјапаат во првото искривено дрво. Тие не гледаат дека инатот за секое спорно прашање всушност ја саботира големата цел. Ако имавме способни луѓе во бугарската политика, тие одамна требаше да разберат дека нашиот стремеж треба да е немањето на граници на Балканот. Следејќи го примерот на Франција и Германија, балканските држави треба да ги започнат своите односи од почеток – да не се гледаат следните пет, десет или дваесет години, туку следните сто. Наместо тоа, ние гледаме сто години наназад и сме вперени во минатото. Народите на Балканот имаат многу повеќе заеднички црти од народите во Западна Европа. Зошто меѓутоа тие народи успеваат да надградуваар, а ние постојано се фиксираме во малите нешта, што нè делат?

Оптимист ли сте, дека тоа може да биде надминато? Има ли посветла иднина за бугарско-македонските односи?

Ако има вето од наша страна и ако го блокираме патот на Северна Македонија кон Европската унија, тоа ќе е многу тешко за односите меѓу нас, нормалните хора, обичните луѓе, како што велат таму. Ќе треба да се вратиме многу назад и да започнеме да градиме од почеток. Но, јас сум оптимист – скоро век и половина има луѓе кои се борат да нема граници меѓу Бугарија и Македонија. Оптимист сум дека меѓу луѓето на Балканот нема да има поделба, преку која да се наметнува непријателство во секое следно поколение. Луѓето тука треба повеќе да се сакаме и помалку да се мразиме, за да живееме подобро.

 

Фотографија: © М. Пастухова

 

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO