На официјалната прес-конференција пред утрешниот историски меч со Грузија капитенот на нашата репрезентација Горан Пандев изјави:

ʺСакам прво да искажам благодарност за селекторот за прекрасните зборови. Горд сум што сум дел од оваа генерација. Зарем треба посебна мотивација за ваков натпревар? Само ќе кажам, каде бевме пред пет години, а погледнете каде сме сега. На само чекор од остварување на сонот. Добро ги познавам овие момци, тие се злато вредни за Македонија. Знам дека сите заслужуваат да играат во многу поголеми клубови. Сакам и заради нив, уште на оваа нивна возраст да го доживеат настапот на едно европско првенство. Емоциите ме совладуваат и покрај толку многу години фудбал и натпревари минати во елитниот европски фудбал. Сега емоциите ме совладуваат затоа што сега се работи за Македонија“, вели нашиот капитен.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO