Фото: Роjтерс

Грција од денеска воведе регионална блокада во вториот по големина град Солун, како и во Лариса и областа Родопи по растот на бројот на заразени од ковид-19. Земјата бележи значително помал број на ковид-19 од другите земји во Европа, но случаите рапидно растат од почетокот на октомври.

Во средата, Грција регистрираше 1 547 нови случаи, што е најмногу за еден ден. Бројот на починати од почетокот на коронавирусот кон крајот на февруари досега достигна 615. „Просечната возраст на нови инфекции сугерира дека постои голема корелација со собири за забава, спорт и други активности“, рече министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас.

Премиерот Кирјакос Мицотакис вчера најави дека ќе бидат воведени понатамошни ограничувања за да се спречи ширењето на ковид-19. Се дознава дека владата денеска ќе претстави едномесечен план за борба против вториот бран на коронавирус.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO