Манипулациите на Вангелов се несериозен обид да се излезе од Договорот, кој признава ʺЗаедничка историја“ на Бугарија и Македонија

Огнен Вангелов, кој во октомври 2020 година се присоедини кон македонската делегација во Заедничката мултидисциплинарна комисија, објави материјал, со кој реално го оспорува концептот за договорената меѓу двете држави ʺзаедничка историја“. Според него:

Ниту во денешна Бугарија ниту во денешна Северна Македонија или пошироката географска Македонија до втората половина на 19 век не постои унифициран етнички и јазичен идентитет кај широките народни маси за да може да се зборува за еден и единствен народ кој се чувствувал како таков, за потоа да биде вештачки раздвоен.[1]

Тврдењето на Вангелов е манипулативно и невистинито!

Тоа, дека земјите на денешна Република Северна Македонија во 19 век биле населени од луѓе, кои се нарекувале бугари го знаеме од народните песни на браќа Миладинови и од србинот Стефан Верковиќ. Во ʺБългарски народни песни“ на Миладинови ќе најдеме текстови како: Мошне ми се мили бугарските моми“ (песна 474) или ʺ Скарале се, скарале три девойки убави. Една беше вла’ина, друга беше гъркина, трекя беше бугарка“(песна 431) итн. Во познатата песна за Билјана, која во зборникот на Миладинови се нарекува Любика, винарите се обраќаат кон неа со називот ʺбела бугарко“.

Стефан Верковиќ, во неговата книга ʺНародне песме македонски Бугара“ спонзорирана од српската кнегиња во 1860 година – период кога нема никаква бугарска државна или црковна институција, констатира:

„Сум ги нарекол овие песни бугарски, а не словенски, затоа што денес, кој и бугарски словен да го прашаш: ʺшто си ти“, веднаш ќе одговори: ʺбугарин сум, а својот јазик го нарекувам бугарски“.

Дури само на базата на овие две колекции од песни можеме да заклучиме дека називот ʺбугари“ во земјите на денешна Северна Македонија во 19 век подразбирал конкретна етничка заедница. Имаме доволно причини да веруваме дека тие бугари не откривале разлика меѓу себе си и бугарите од денешна Бугарија.

Вангелов прави навистина недопустлива споредба – на бугарскиот идентитет на мнозинството во Македонија и … каталонците во Белгија, кои во одредени околности се идентификуваат како Шпанци. Само што, тие се шпански државјани. Ако ја истражуваме бугарската заедница во Цариград – имперската престолнина во 19 век, ќе видиме дека бугарите се малцинство таму. Повеќето од нив се новодојденци од различни делови на денешна Бугарија и Северна Македонија. И таму сите тие формираат единствена заедница, без разлика дали се од Охрид или од Тулча (Денес во Романиjа). Во градот има многу други заедници – грчка, ерменска и се разбира турска … Но, нашите не се делат на ʺБугари“ и ʺМакедонци“. Оваа бугарска заедница изигрува огромна улога во формирањето на Егзархијата. За Огнен Вангелов меѓутоа, таа е туѓа институција која го ʺнаметнала“ бугарскиот стандарден јазик во Македонија. Тој не жали што стандардниот јазик бил кодификуван на говори донекаде оддалечени од македонските, макар и од истиот дијалектен континиум. Тој, едвај ли не се радува што насилното затворање на домородните бугарски училишта во Македонија од српските власти помогнале за ʺјазичната еманципација во Македонија“. Тој го определува повикот на Мисирков за формирање на одделен македонски јазик на базата на централните македонски говори, како таков обид. Но, само бегол преглед на ʺЗа македонцките работи“ е доволен за да се види, тој нема колебање во бугарскиот идентитет на жителите на Македонија. Неговата позната брошура започнува со констатацијата, дека тие досега се нарекувале Бугари. Неговата цел не е тие да се еманципираат од бугарскиот јазик. Мисирков јасно ја мотивира геополитичката обреченост на бугарштината во Македонија. Тој јасно објаснува дека големите сили и останатите балкански држави никогаш нема да го дозволат формирањето на ʺголема“ Бугарија, ниту на автономна Македонија со ʺбугарска боја“. Т.е., ако за некои бугарски интелектуалци од Македонија, како Шапкарев или ʺлозарите“, кодификацијата на бугарскиот литературен јазик на североисточните бугарски говори е проблем, тоа за Мисирков е можност за решавање на многу поголем проблем.

Вангелов е апсолутно во право кога посочува дека има значителна разлика меѓу етнички и национален идентитет. И да, етничкиот идентитет во пред-модерната епоха бил далеку помалку важен за повеќето луѓе од религиозниот!

Бугарската преродба, која меѓу другото започнува на територијата на географска Македонија, е токму тоа – процес на премин од малку значајниот етнички идентитет кон модерен национален идентитет.

Овој процес добива размав во борбите за основање на Бугарската егзархија. Таа не е религиозна секта, а модерна институција. Можеме да ја наречеме културно-просветна автономија на бугарите во рамките на Отоманската империја. Егзархијата предлага механизми за самоуправување, избор на епитропи,  на одбори… Тоа е заедничко културно-историско наследство како на Бугарија, така и на Северна Македонија.

Кога го разгледува револуционерното движење во Македонија, кое кулминирало со Илинденското востание, Вангелов настојува, дека:

ʺСите револуционерни движења кои биле и се насочени кон создавање засебна државност речиси без исклучок стануваат национални движења. Во спротивност, се работи за таканаречени иредентистички движења за одвојување од една држава и присоединување кон друга. Контекстот на македонската револуционерна борба со голема доза сигурност може да се тврди дека не е контекст на желба за присоединување кон друга држава и нација или барем не е таква борба во својата доминантна и кристализирана форма.“

Може ли навистина? За време на војните (1912-18) сите живи револуционери го поддржуваа бугарскиот воен напор и не станува збор за автономна или независна Македонија.

А и фактот дека револуционерното движење започнува со барање за спроведување на одредбите од член 23 од Берлинскиот договор во Македонија и во Одринско, а не да кажеме во Албанија и во Косово …, потскажува дека повеќето од револуционерите, барем првично биле лошо прикриени иридентисти.

Но, ако со малку фантазија може да се каже дека македонското револуционерно движење започнало на 23 октомври 1893 година, тогаш бугарското ослободително движење во Македонија започнува далеку пред 1878 година. Дедо Иљо Малешевски е заменик на Георги Раковски во Првата бугарска легија, а вториот војвода на Ботевата чета е Петар Симеонов од Велес! Никој тогаш не си помислувал за автономија или независност на Македонија. Едвај ли подлежи на сомнеж дека создавањето на македонското револуционерно движење е реакција на откинувањето на дел од бугарскиот народ (не каков што е тој сега, туку како што бил пред еден век) со решенијата на Берлинскиот конгрес. Но, исто така е сигурно дека БМОРК-ВМОРO-BMРO евулуира од етно-национална организација кон таква која што:

„Има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и ОДРНСКО, без разлика на народност …“,

што ги тера да го користат слоганот „Македонија на македонците“. Освен етнички Бугари – од кои многумина се од Кнежевството, во организацијата се привлечени и луѓе со друго етничко потекло, како Рафаел Камхи, Митре Влавот, Питу Гули, Шабан од Облешево и други. Сите тие, како што е наведено во Меморандумот на Бугарскиот културен клуб-Скопје, без колебање можат да се определат како македонски комити, македонски револуционери и во услови на веќе создадена независна Република Македонија и основачи на современата македонска држава.

На тој начин, консолидирањето на современиот македонски народ (признат во ʺИлинденскиот” Договор за пријателство, добрососедство и пријателство меѓу Република Бугарија и Република Македонија) нема потреба од одрекување на бугарскиот етнички идентитет на мнозинството од населението во географска Македонија (без Халкидики и северен Олимп), кое во 19 век учествува во раната фаза на националната консолидација на бугарската нација.

Токму спротивното. Објективизирање на историјата е единствениот начин да се стави крај на бесмислените спорови.

Се разбира, македонскиот народ не е творба на ʺКоминтернаʺ (бесмислен еуфемизам за СССР) или комунистички ʺинженеринг“. Откинувањето на Македонците од бугарското етно-национално ткиво беше долг и мачен процес, предизвикан од ненадминливи сили и кој кулминирал со граѓанска војна што разделила семејства и пријатели. Стриктното почитување на Договорот за добрососедство и пријателство и прифаќањето на принципите на ВМРО како основа за современата македонска нација и држава се единствениот гарант за нејзината европска иднина.

–––––––––

Ексклузивно за ТАТКОВИНА: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO