Фото: Роjтерс

Од полноќ Франција е повторно под карантин, бројот на заразени со коронавирус продолжува алармантно да расте. Ограничувачките мерки се олеснети во споредба со оние во пролетта.

Животот во Франција од денес тече бавно, иако улиците во Париз се попрометни отколку за време на карантинот во март. Познатите на французите декларациите за излегување веќе се онлајн, казната за нарушување е 135 евра, дозволени се само кратки прошетки во близина на домот, посета на лекар, шопинг или работа, кога трудот од дома е невозможен. Од понеделник, декларации ќе бидат потребни и за родителите што ги носат своите деца на училиште, часовите ќе се одвиваат под строг санитарен протокол.

Светот на културата замолкна, кината и театрите се затворени, но пробите, снимање и фотографии се дозволени, а спортските настани продолжуваат во затворен простор. Книжарите во Франција собираат потписи за отворање на книжарниците во периодот на на изолација. Престижниот литературен конкурс ʺГонкурʺ е одложен.

Францускиот Сенат гласаше за продолжување на вонредната санитарна состојба до 31 јануари – 16 дена помалку од барањето на владата.

Помошта за погодените сектори од ограничувањата ќе достигне 15 милијарди, а рецесијата предизвикана од санитарната криза се очекува да биде 11 милијарди евра – поголема од претходно предвидената, како што најави министерот за економија Бруно Ле Мер.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO